Тоа е човек од збор. Иако ја доби поддршката од сојузот, Герет Саутгејт си поднесе оставка од местото селектор на репрезентацијата на Англија. Тој го одржа зборот зошто пред стартот на ЕУРО 2024 изјави дека ако не ја освои титулата тогаш ќе си даде оставка, и тоа го направи откако во Берлин завчера Англија во финалето беше поразена од Шпанија со 2:1.
Саутгејт репрезентацијата на Англија ја водеше осум години и тоа на 102 средби, на кои на 61 оствари победа, а имаше 17 порази.
Двапати едноподруго ја донесе Англија во финалињата на ЕП, во 2021 и 2024.