Македонскиот вицепрвак, Вардар 1961 ќе игра директно во групната фаза во Лигата на Европа, а противните ќе ги дознае утре (11 часот). ЕХФ на ден пред ждрепката ги потврди шеширите, Вардар 1961 се најде во вториот.
„Црвено-црните“ се заедно со полскиот Горњик Забже, романската Констанца, словенечкиот Горење, исландскиот Хафнарфјордур, словачкиот Татран Прешов, унгарската Татабања и германскиот Кил. Ова значи дека нема да игра против нив во групната фаза.