Перо Антиќ во стручниот штаб на Феникс?! (ВИДЕО)

476

Дали претседателот на КФСМ Перо Антиќ ќе биде и официјално дел од стручниот штаб на Феникс Санс, еден од најдобрите тимови во НБА или не, останува да се види. Антиќ беше првиот Македонец кој играше во НБА во тимот на Атланта, а сега неофицијално е дел од стручниот штаб на Феникс за време на летната лига. Од видеото се гледа дека тој е со играчите на Санси, за време на натпревар.

Прв тренер на тимот на Мајк Баденхолцер, кој му беше тренер на Антиќ во Атланта, човек кој не крие дека има високо мислење за сегашниот претседател на КФСМ.

По се ова наводно Баденхолцер испратил официјална понуда до Антиќ да биде во иднина дел од неговиот стручен штаб.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА со поддршка за австриската вечер на Охридско лето 
СледноВардар и официјално се пофали со Чунга Петрески! (ФОТО)