Џером Боатенг денеска во Судот во Минхен ја дозна казната за која беше обвинет. Тој е прогласен за виновен и осуден условно со 200.000 евра. Имено тој беше обвинет дека и нанел физички повреди на својата некогашна партнерка и мајка на своите деца.Како прво тој мора да плати 100.000 евра во хуманитарни цели. Во случај да го повтори за тоа што е казнет ќе плати дополнителни 200.000 евра.
Инаку Боатенг беше член на репрезентацијата на Германија која во 2014 стана светски првак на Мундијалот во Бразил, а во свое време додека играше за Баерн Минхен важеше за еден од најдобрите стопери во светот.