Македонската младинска репрезентација го доби противникот во битката за пласман на деветтото место на Европското првенство. Станува збор за познат ривал, селекцијата на Франција која им го нанесе првиот пораз на „црвено-жолтите“.
„Триколорите“ славеа против Хрватска со 29-26, иако „коцкестите“ имаа позитива од четири гола на полувреме.
Франција и Македонија се сретнаа во групната фаза во средната рунда, а нашите ракометари беа поразени со 25-18.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе се игра в недела од 14:20 часот.