Македонската младинска репрезентација го доби дуелот за дветтото место против Франција на Европското првенство, славеше со 29-30. Херој на мечот беше Галевски одбрани седмерец во финишот на мечот. Ова беше негова вкупно четврта одбрана на натпреварот.
Митев и Субашевски постигнаа по шест гола, Узунчев имаше пет, Калајџиески четири.
Избраниците на Раде Стојановиќ поведоа со 0-2, а потоа и со 1-4 во седмата минута. По два гола реализираа Узунчев и Стојановски. Узучнев три минути подоцна не реализира од седум метри, по грешката на Франција „црвено-жолтите“ направија техничка грешка и не искористија напад, по што противникот израмни на 4-4 во 13-та минута. Македонија остана со играч помалку, но успеа да ги врати највисоките плус три (5-8) во 18-та минута. Ракометарите не ги „матријализираа“ одбраната на Галевски и неискористениот напад на противникот да поведат поубедливо, тоа го сторија во самиот финиш на првото полувреме, Узунчев и Митев зголемија на најголеми плус пет 10-15.
Франција го отвори вториот дел со два гола за 12-15, на другата страна првиот погодок за Македонија во 34-та минута го постигна Субашевски. Нашите момчиња одржуваа позитива од четири гола (12-16, 13-17, 14-18, 15-19, 16-20), не искористија два напади за плус пет со играч повеќе на теренот. Франција успеа да сврзе два гола и да дојде на 18-20 во 44-та минута, играше високо во одбраната. „Црвено-жолтите“ ја имаа контролата дојдoа на 19-23. На стартот на 50-та минута беше 23-24. Митев врати за плус два 23-25, но неизвесноста продолжи, откако противникот израмни на 25-25. Недостасуваа одбраните на Галевски и Брестовац.
Се играше гол за гол, Македонија во 55-та минута направи пробивање при 26-27 наместо да дојде до плус два. Франција се врати во живот (27-27).
На минута до крајот беше 29-29, Македонија беше во напад, Стојановиќ повика тајм-аут, Субашевски го спроведе договореното за 29-30 останаа уште 15 секунди за противникот. Дамјан Митев доби црвен картон, а Франција имаше удар од седум метри. Галевски ја запиша најважната одбрана.