Барселона прави се што е можно за да го финализира потписот на Нико Вилијамс оваа недела. „Релево“ тврди дека каталонскиот клуб го уверил крилниот напаѓач дека ќе може да ја плати неговата откупна клаузула во висина од 58 милиони евра.
Раководството на Барса треба да направи уште неколку чекори за да ги обезбеди потребните средства, но се уверени дека ќе се справат со ситуацијата. Меѓутоа, доколку тоа не се случи, Нико Вилијамс ќе започне со тренинзи со Атлетик Билбао на 12 август.
Самиот фудбалер веќе се согласил да се пресели во Барса, па дури и ги договорил своите лични услови. Неговиот агент е во постојан контакт со управата на Каталонците.
Минатата сезона крилниот напаѓач одигра 37 натпревари во сите натпреварувања постигнувајќи 8 гола и 19 асистенции. Тој, исто така, извонредно настапи на Европското првенство 2024, каде што беше клучен во освојувањето на титулата на Шпанија.