Бобан Георгиев го засили Пелистер

282

Бобан Георгиев е нов фудбалер на ФК Пелистер, потврдија од битолскиот тим.

“Бобан игра на десната крилна позиција, но истовремено може да ја покрива и левата крилна позиција. Со своето искуство ќе комплетира огромен дел од мозаикот на Костов”, се вели во соопштението на Пелистер.

Георгиев доаѓа од екипата на Воска Спорт, а предходно има играно и за Брегалница, Силекс, Радник Сурдулица, Борац Бања Лука и Леотар Требиње.

ПретходноЌатип Османи: Струга ТЛ има квалитет да го победи Пјуник!
СледноСтартна победа на Ѓорческа на турнир во Португалија