„Детето“ на Вардар, Стефан Ристовски, пред денешниот контролен натпревар кој неговиот актуелен тим Динамо (З) ќе го одигра со нашиот најтрофеен клуб Вардар се сликаше со шалот на скопските „црвено-црни“ како дел од честитките на 77. роденден на Вардар.
Пријателскиот натпревар меѓу Динамо (З) и Вардар следува вечерва од 19 часот на „Максимир“.