Жежок пречек за Ембид во Париз: Свирежи и скандирања – „Да го вратиш пасошот!“ (ВИДЕО)

1042

Една од ѕвездите на американскиот кошаркарски состав на ЛОИ во Париз, минатогодишниот МВП на НБА лигата, Жоел Ембид доживеа жежок пречек по пристигнувањето во Париз. Локалните жители го исвиркаа при влегувањето во автобусот.

НБА ѕвездата предизвика голем гнев кај Французите кога реши да игра за репрезентацијата на САД, иако еднаш доби француски пасош и наводно му ветил на Емануел Макрон дека ќе игра за „триколорите“.

„Да го вратиш пасошот“, викаше еден навивач, додека другите му довикнуваа дека требаше да игра за Франција.

Ембид е роден во Камерун, но изјавуваше дека Франција е негов прв избор. По добивањето на пасошот се очекуваше да дебитира за „триколорите“, но тој потоа се премисли и прифати да игра за САД.

ПретходноПо Синер и Холгер Руне потврди дека нема да игра во Париз
СледноВезенков се врати во Олимпијакос за рекордна плата и 5-годишен договор