По една сезона во НБА, поранешниот МВП на Евролигата, Саша Везенков се враќа во Олимпијакос.
Тој и официјално е член на атинскиот состав потпишувајќи петгодишен договор вреден 18,5 милиони евра нето, што го прави вториот најплатен играч во историјата на Олимпијакос по Џош Чајлдрес.
Олимпијакос му понуди на Везенков еден од најголемите договори досега во европската кошаркарска историја, што во превод значи 3,7 милиони годишна плата.
Везенков реши да го раскине договорот со НБА, оставајќи на маса 6,8 милиони долари загарантирана бруто плата за следната сезона, одлука без преседан за ваква сума.