Ждрепката за одредување на календарот на натпревари во Првата македонска фудбалска лига за сезоната 2024/25 ќе се одржи во понеделник, 29 јули.
Клубовите и навивачите долго време беа во исчекување на терминот на ждрепката, со оглед на тоа што требаше да заврши комплетниот процес на лиценцирање на клубовите. Ждрепката сега е закажана во просториите на ФФМ в понеделник од 13 часот, по што ќе го добиеме комплетниот возен ред на новата фудбалска сезона.