Шокантно: “Не можам да гарантирам дека Надал ќе настапи во сингл на ОИ!“

200

Како што се чини тешко дека Рафаел Надал ќе настапи во сингл на ОИ во Париз, односно на терените на “Ролан Гарос“. Имено Шпанецот прво го откажа денешниот тренинг со Александер Зверев, за да потоа свој коментар имаше неговиот тренер, Карлос Моја.

“Ја следиме состојбата, ќе почекаме да видиме како ќе биде во следните 48 часа. Искрено не можам да гарантирам дека Рафа ќе може да настапи во сингл“, истакна Моја покрај другото.

Инаку Рафа се жали на пореда на мускулите на препоните. Тој во првото коло треба да игра против Мартин Фуцович од Унгарија, додека ждрепката сакаше уште во второто коло да се сретне со Новак Ѓоковиќ, се разбира ако и двајцата ја минат првата пречка.

Во медиумите се шпекулира дека откако Рафа видел дека во 2.коло треба да игра против Новак, како да се исплашил и почнал да дава сигнали дека е повреден, од друга страна тој има намера да игра во двојки на Олимпијадата заедно со Карлос Алкараз.

Навистина шокантно.

ПретходноКузманоски прозиваше, РК Бутел ги почна подготовките за новата сезона! (ФОТО)
СледноНекогашниот гигант, кој пред 29 години гостуваше во Скопје, повеќе не постои!