Вечерва се одиграа повеќе натпревари од 2.квалификациско коло во Лигата на Европа и во Лигата на Конференции.
Интересно беше во Амстердам каде Војводина се до 86.минута имаше сензационални 0:0, но тогаш Ван де Бомен постигна гол и му донесена победа на холандскиот гигант.
Хајдук на “Пољуд“, во меч на кој официјалното деби го имаше Џенарио Гатузо на клупата на “билите“ од Сплит, успеа да го победи Торшавн од Ф. Острови. Македонецот Александар Трајковски поради повреда не беше во составот на Хајдук и тоа поради повреда.
На Исланд тимот на косовска Дрита, каде што тренер е нашиот стратег Зекирија Рамадан со 1:2 успеа да слави на гости кај Бреидаблик и речиси да обезбеди пласман во третата квалификациска рунда во Лигата на Конференции. За Дрита настапија и Егзон Бејтулаи и Блертон Шеји.
Ова значи дека Зеко го одмазди Тиквеш, ако се знае дека во првото коли исланѓаните го елиминираа нашиот претставник.