ПСЖ на Нико Вилијамс му понуди двојно од она што му го понуди Барселона

335

ПСЖ има намера да го и го „украде“ Нико Вилијамс на Барселона ова лето.

Како што пишува „Мундо Депортиво“ повикувајќи се на Радио Каталуња, парижани се подготвени да ја удвојат понудата за платата на играчот, која ја понудил каталонскиот клуб, само за да го добијат шпанскиот репрезентативец овој преоден рок.

И покрај ваквата ситуација, Барселона е убедена дека им апредност во преговорите со Нико Вилијамс. Клубот е сигурен дека крилниот напаѓач на Атлетик (Б) сака следната сезона да игра за „Блауграна“.

Барселона нема да ја зголеми понудата која ја достави пред неколку дена и очекува одговор во блиска иднина за да може посмирено да планира други зделки.

ПретходноВо Париз најавена катастрофа за време на отварањето на ОИ
СледноРаботнички потпиша босански интернационалец