Новак го „разби“ Надал во тениската класика на ОИ

464
Фото: Ролан Гарос/Твитер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз. Првиот носител во 60. меѓусебно соочување, можеби и последно, славеше над шпанскиот ветеран со 6:1 и 6:4. Убедлив и сигурен беше Ноле кој го продолжува патот кон златото на Олимпијадата.
„Бев спремен. Пред ОИ тренирав напорно и имав време да се спремам за него. Мојата игра тоа и го покажа. Немавме играно две години, тој беше повреден, тоа и се почувствува. Добро го удира топчето. Нормално и публиката се вмеша, а тоа резултираше и со изедначување во вториот сет. Пресуден беше деветтиот гем, кога направив брејк, па знаев дека ќе имам нови топчиња. Се на се, совршен меч“, изјави Ѓоковиќ.

ПретходноПСЖ ќе го комплетира трансферот на Невеш, а потоа оди по Холанѓанец
СледноМилан го договорил Павловиќ од Салцбург