Кер: Тејтум ќе биде прв избор за мечот со Јужен Судан

214

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Стив Кер ги увери фановите дека на следниот меч во групната фаза, Џејсон Тејтум ќе се појави на паркетот.

Кошаркарот на шампионот Бостон, кој го пропушти првиот меч на олимпискиот турнир против Србија, ќе добие шанса да се докаже на теренот на натпреварот со Јужен Судан во среда, изјави Кер.

„Џејсон ќе игра против Јужен Судан. Нема да одговорам на вашето следно прашање, кој ќе остане во резерва наместо него. Но, ќе ни требаат неговите услуги, а дел од мојата работа е да се осигурам дека сите се ангажирани и подготвени, бидејќи моето искуство во овој спорт е дека понекогаш се случуваат луди работи“, рече Кер.

ПретходноШерифовски: Пријатно сум изненаден од поддршката, тоа ми е мотив да продолжам појако да работам
СледноПартизан го донесе третото најскапо засилување