Ди Марија отворено зборуваше за хоророт низ кој го поминувал: Плачевме секоја вечер

434

Ди Марија зборуваше за смртните закани кои го спречија да се врати во Аргентина
Тој сакаше ова лето да се врати во неговиот роден клуб Росарио Сентал и таму да го помине последниот дел од својата натпреварувачка кариера. Еден од хероите на Аргентина, кој беше клучен придонес за светската титула и двапати ја освои Копа Америка, сепак се откажа од таа намера по смртните закани кон него и неговото семејство.

Според ESPN, заканите вклучувале испраќање свинска глава со куршум, како и пакет со смртна закана за една од неговите ќерки. Тамошните медиуми зборуваат за автомобил кој оставил порака пред приватна населба во која Ди Марија обично престојува кога е во својата татковина.

„Имаше закана во соседството на моите родители која стана јавна. Имаше уште една во куќата на сестра ми која не е позната бидејќи таа и нејзиниот сопруг беа исплашени и не пријавија. Тие месеци беа страшни. Можевме само да стоиме и да плачеме секоја вечер бидејќи не можев да го остварам мојот сон“, изјави Ди Марија.

И покрај овие инциденти, 36-годишниот фудбалер беше критикуван од навивачите на Росарио по неговата одлука да не се врати во клубот. Тој им одговори на тие фанови: „Оние кои не разбираат, не ме ставаат во моја кожа бидејќи е лесно да се зборува против другите на социјалните мрежи без да се ставиш во нивна кожа“.

ПретходноСекогаш во служба за својата држава: Навивачката група „Комити“ влегува во борба со пожарите
СледноКлоп одговори дали ќе ја преземе Англија и каде се гледа во иднина