Утре во 18:30 часот нашите кошаркарски јуниори во полуфиналето на ЕП – Б дивзија, ќе ги одмерат силите против Бугарија.Ова се дозна вечерва откако Бугарите славеа во четвртфиналето против Швајцарија. Овој мечсе игра од 18:30 часот, а ние го обезбедивме полуфиналето откакоја декласиравме Португалија.
Дуелот со Бугарија е важен зошто со победа ќе играме во финалето, ама уште поважен е зошто во случај на победа утре тогаш и дефинитивно ќе се пласираме во А-дивизијата на ЕП, што секако дека е успех.
Македонија досега има шест од шест, сите пет меча во групата ги добивме, а вечерва славевме и над Португалија.
Момците утре ги чека тешка битка, но сите ние веруваме дека Бугарија ќе падне.