Воска се засили со репрезентативец на Авганистан!

1076

Хабибула Аскар (28) е најновото засилување во таборот на Воска. Станува збор за Авганистанец кој има и шведски пасош, игра во дефанзивниот ред а досега во својата кариера има настапувано за клубови од Шведска кои се непознати за нашата поширока јавност.

Според “Трансфермаркт“ тој веќе е член на прволигашот од Охрид па се очекува и негова промоција во секој момент.

Аскари за својата репрезентација има одиграно четири натпревари.

Ново име во Воска набргу ќе биде и интернационалецот од Камерун, Габриел Јапи Тенлеп (21), игра во средниот ред. Последен клуб му бил Бекем Јунајтед од Гана.

ПретходноАтлетико го објави трансферот на шпански репрезентативец
Следно„Милионерите“ го претставија бразилското засилување од Манчестер Сити