Барса го доби неофицијалното „Ел Класико“, Сити конечно почна да победува, убедлив пораз за Јунајтед (ВИДЕО)

675

Барселона со 2:1 славеше над Реал Мадрид во првото сезонско издание на Ел Класико. Иако беше од неофицијален карактер, натпреварот предизвика голем интерес, а двата тима се обидоа да ги оправдаат очекувањата. Барса до овој триумф стигна со двата гола на Виктор, а за Реал погоди Нико Паз.

После три порази од почетокот на турнејата во Америка, Манчестер Сити конечно дојде до победа. „Граѓаните“ победија со 4:2 контрола против Челзи, а Ерлинг Хaланд постигна хет трик. Оскар Бо се запиша во листата на стрелци за тимот на Пеп Гвардиола, а Рахим Сталинг и Нони Мадуек за Челзи.

Ливерпул го совлада Манчестер Јунајтед со 3-0 во контролата одиграна во Јужна Каролина. Фабио Карваљо и Кертис Џонс постигнаа гол пред паузата пред Константинос Цимикас да постигне трет за „црвените“.

Манчестер Јунајтед создаде голем број на шанси во првото полувреме, но ги прокоцка и го претрпе третиот пораз од почетокот на подготовките.

ПретходноПознати се 1/4 финалните двојки на ЛОИ во кошарка
СледноЏинобили со порака до Грците: Испратете му убави подароци на Богдановиќ!