Српскиот кошаркарски репрезентативец Богдан Богдановиќ вечерва стана најдобар стрелец во историјата на националниот тим, тој ја одведе својата земја во четвртфиналето. Постигна 30 поени против Јужен Судан.
Победата на Србија значеше и пласман на Грција на во четвртфиналето на ЛОИ. Ова и беше повод за да во јавноста се огласи легендарниот Ману Џинобили, кој им испрати порака на Грците.
„Грците да му испратат убави подароци на Богдан Богдановиќ“, напиша славниот Аргентинец.
🇷🇸🤝🇬🇷 Greek fans are you sending to Bogdan Bogdanovic any gift after today’s game?
Manu Ginobili thinks you should do it 😅 pic.twitter.com/AMwnK7XOuq
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) August 3, 2024
Четвртфиналните средби на програмта се на 6. август.