Тен Хег го пофали Ливерпул, поразот не го загрижува

351

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави дека не е загрижен откако неговиот тим загуби со 3-0 од Ливерпул во мечот одигран во Јужна Каролина. Тоа беше последен меч за „црвените ѓаволи“ пред дуелот од Комјунити Шилд со Манчестер Сити следниот викенд.

“Би рекол дека чувствата се измешани. Мислам дека видовме некои позитивни работи, но не сме задоволни од начинот на кој ги примивме головите. Секако дека Ливерпул е многу добар тим. Тие се многу агресивни и добри во постигнување голови. Првиот гол секогаш е многу важен, но тие беа и многу ефективни, имавме многу шанси, но не успеавме да ги реализираме, ќе бев загрижен ако не создававме шанси.

Играчите, персоналот, сите завршија одлична работа на турнејата. Задоволни сме од сите напори што се направени. Работевме на нашата шема на игра и сега да се вратиме, да се опоравиме и да се подготвиме за следниот натпревар, кој ќе биде голем натпревар“, изјави Тен Хаг.

ПретходноАлкараз откри што ќе направи ако го победи Ноле
СледноЕгипет го потврди местото во четвртфиналето на ЛОИ