Анчелоти не е загрижен по поразот од Барса: Не ни се важни резултатите на контролите!

279
ФОТО: FC Real Madrid/Twitter

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го коментираше поразот на неговиот тим од Барселона со 2-1 во пријателскиот натпревар, дел од претсезонската турнеја на двата тима во САД.

„Продолжуваме да се подготвуваме, малку по малку играчите се враќаат, земаме позитива од овие натпревари за да им дадеме минутажа на играчите. Веќе имаме два порази во контролите (в.д. – Реал загуби пред неколку дена и од Милан). Ова се претсезонски натпревари, резултатот не ни е важен. Целта е играчите да бидат подготвени“, започна Италијанецот и продолжи.

„Винисиус Јуниор се врати одлично бидејќи работеше многу добро летото. Куртоа играше денеска, за следниот натпревар ќе видиме, Модриќ е во перфектна состојба. Мбапе очигледно може да започне во мечот од Суперкупот со Аталанта, како и Џуд Белингем“, додаде Анчелоти.

ПретходноШведска ја „растури“ Јапонија за место во четвртфиналето
СледноОд Јужен Судан бесни: Судиите им помагаа на Србите