Американецот со шокантна трка на 110 метри со пречки во квалификациите! (ВИДЕО)

244

Ете, и тоа го видовме на ЛОИ во Париз. Имено еден од најголемите фаворити за медал на 110 метри со пречки Фреди Кринтенден буквално одби да се натпреварува во квалификациите, само трчкараше на патеката и ги скокаше пречките и забележа време од 18.27 секунди.

По трката тој истакна дека тоа го направил со цел да го чува своето тело за репесажот во вторник, во кој ќе трчаат оние кои не обезбедиле место во финалето преку квалификациите.

Ќе видиме дали овој план ќе му успее на Американецот, но факт е дека го шокира целиот спортски свет.

ПретходноШкафчето на Коби продадено за вртоглава милионска сума
СледноДарко Чурлинов пред потпис со Јагиелонија!