Најдобрата шведска пливачка Сара Сјостром го освои златниот медал на трката 50 метри слободен стил на ОИ во Париз. Тоа е второ злато за Швеѓанката на овие Игри затоа што беше златна и на 100 метри слободно.
Taa исплива со време 23,71 за прво место. Второто место го освои Мег Харис од Австралија со време 23,97, додека бронзата и припадна на Жанг Јуфеи од Кина.
А Американецот Боби Финки исплива за златен медал на најдолгата трка на 1500 метри слободен стил, а притоа постави и нов светски рекорд. Тој постави време од 14:30,67 и стана прв кој ја пробил границата од 14:31 минути.
Сребрениот медал заврши на градите на Грегорио Палтриниери од Италија, а бронзениот медал го зема Даниел Вифен од Ирска.
Кај дамите пак, падна нов светски рекорд во Париз. Штафета на САД успеа да исплива вкупно време од 3:49,63. Реган Смит, Лили Кинг, Гречен Волш и Тори Хаск поставија рекордно време, победувајќи ја конкуренцијата. Претходниот рекорд го држеше американски квартет и изнесуваше 30:50.40 поставен во Гвангжу во 2019 година.