Хероина на денот – падна, победи, па освои злато во друга дисциплина

942

Холандската атлетичарка Сифан Хасан го одбележа денешниот ден на Олимписките игри во Токио. За нејзе денот беше стресен и напорен, а го заврши со две победи и продолжување на остварување на сонот – три медали во Јапонија.

За време на квалификациската трка на 1.500 метри Холанѓанката се сопна и падна, па во последните 300 метри мораше да надополни голема предност на конкурентките. Успеа во тоа, заврши прва и се пласира во финалето каде што ќе се бори за златниот медал.

Само неколку часа подоцна околу вратот имаше златен медал во друга дисциплина 5000 метри.

„Не можам да поверувам што се случи. Се чувствував ужасно кога паднав, мислев нема да успеам но ете го задржав сонот за златен медал“, изјави Хасан пред трката на 5000 метри.

Сифан победи на 5000 метри пред Кенијката Хелен Обири кој го освои сребрениот медал и Гудаф Цегај од Етиопија која беше бронзена.

Сифан до крајот на ОИ ќе трча финале на 1.500 метри и ќе се бори за злато на 10 километри.

ПретходноКиелини го потпиша новиот договор со Јувентус
Следно„Балисти“ бараат да „летаат глави“ на дел од управата, а не само на тренерот