Крилниот фудбалер Никола Пепе како слободен фудбалер се пресели во редовите на Виљареал. Репрезентативецот на БС Коска го напушти Трабзон по завршување на сезоната, а претходно ги бранеше боите на Ница, Арсенал и на Лил.
Договорот е до јуни 2026 година.
Пепе има 46 настапи за БС Коска, во август 2019 година дојде во Арсенал за неверојатни 79 милиони евра. Првите две сезони беше речиси стандарден, а во третата играше помалку, па во 2022/23 беше позајмен на Ница.
Требаше да се врати во Арсенал, но „топчиите“ и фудбалерот споразумно го раскинаа договорот и тој како слободен се пресели во Трабзон каде што играше една сезона.