Тренерот на Барселона, Ханси Флик го стопирал трансферот на 33-годишниот француски играч за врска Нголо Канте, пренесува Мундо Депортиво.
Според изворот Флик не го сакал 33-годишниот фудбалер затоа што сакал да се потпре на младите фудбалери на каталонскиот клуб. Канте одигра 44 натпревари за Ал Итихад минатата сезона, а има договор до 30 јуни 2026 година. За неговото потенцијално враќање во Европа почна да се зборува пред неколку недели, но Барселона на инсистирање на Флик одби да го реализира трансферот.