Шампионите на прием кај Христијан Мицкоски! (ФОТО)

259

Кошаркарската репрезентацијата на Македонија до 18 години, која го освои златниот медал на ЕП – Б дивизија и со тоа ја израдува спортска Македонија, заедно со раководството на Кошаркарската Федерација денеска беше на прием кај Претседателот на Владата на Републиката, господинот Христијан Мицкоски, кој заедно со Министерот за спорт, Борко Ристовски, упати пофални зборови за целокупната работа и успех.

Денес ја имав честа да ги примам нашите млади херои кои донесоа злато. 8:0 на Европскиот шампионат во кошарка за возраст до 18 години, Б дивизија и златен медал. Македонија е горда на нивниот успех. Дело кое треба да се следи“.истакна Премиерот по средбата кој заедно со своите соработници ги гледаше нашите јуниори во сала и навиваше за нив.

Министерот за спорт, Ристовски, не ги штедеше пофалбите за младите кошаркари.

На мое големо задоволство гости во владата беа нашите херои кои донесоа злато. Наша обврска е да нивниот успех го следиме и создадеме услови за уште поголеми победи. Победи кои ќе значат промоција на Македонија и создавање на нови идоли во кошарката! Честитки момци! Македонија се гордее со вас! – напиша Министерот за спорт по приемот на својот официјален профил на социјалните мрежи.

May be an image of 15 people and text

May be an image of 13 people and the Oval Office

May be an image of 2 people, people playing basketball and text

May be an image of 2 people and text

ПретходноРК Пелистер го ангажираше Лембанов за нов асистент во стручниот штаб!
СледноЛудило: Италија губеше со 0:2, но сепак го доби трилерот против Јапонија за пласман во полуфиналето!