Прво ја дисквалификуваа, па и го вратија сребрениот медал

891

Епилогот околу распределбата на сребрениот и бронзениот медал на женската трка на 5000 метри беше решен на зелена маса. Беатрис Чебет од Кенија го освои златниот медал, но она што остана впечатливо беше борбата за среброто.
Фејт Кипјегон од Кенија мина втора, а трета заврши Сифан Хасан од Холандија. Но Етиопјаните се пожалиле дека Кипјегон ја турнала нивната атлетичарка, по што судиите одлучија да ја суспендираат Кенијката, па среброто замина кај Хасан, а бронзата кај Надија Батклети од Италија.
По трката Кенија се жалеше кои покажуваа дека ова е вообичаен инцидент. Етиопјанката прво се потпрела на Кипјегон која потоа ја оттурнала од себе. Нивната жалба беше прифатена и среброто отиде кај Кипјегон, а бронзата кај Хасан.

ПретходноЕвропската шампионка го освои златото на 800 метри
СледноГо рашири знамето да слави медал, а потоа следуваше разочарување