Долго се пишуваше дека искусниот германски дефанзивец Матс Хумелс ќе премине во Болоња и ќе заигра за нив во Лигата на шампионите, но тоа нема да се случи. Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, 35-годишниот фудбалер побарал од Болоња време да размисли, но италијанскиот клуб му соопштил дека нема повеќе да го чека.
Сезоната во Италија почнува на 17 август, а Болоња ќе игра ден подоцна против Удинезе, па сака што побргу да го комплетира ростерот. Затоа му порачал на Хумелс да си бара друг клуб, а Болоња почнал преговори со Тулуз за играчот Логан Коста со цел да ги заврши до крајот на оваа недела.
Хумелс се уште може да заврши во Серија А, во тимот на Рома, но и во Премиер лигата затоа што сега и Брајтон пројавил интерес.