Мартин Мирчевски пред трансфер во Железничар?!

239

Мартин Мирчевски (27), досегашниот фудбалер на ТСЦ Бачка Топола е на пат кон Сараево, кон “Грбавица“, кон Железничар. Оваа вест денеска ја пренесуваат медиумите во БиХ, во која се истакнува дека во наредните ден – два овој трансфер би требало да се реализира.

Миирчевски досега во својата кариера, освен во ТЦС Бачка Топола играше и за Пелистер, Вардар, Победа, Брера, Беласица, Трепча (Косово).

Ова значи дека сараевскиот клуб, еден од најголемите во БиХ во нападот ќе има македонски тандем, Цветаноски – Мирчевски, ако се знае дека првиот во текот на овој летен преоден рок потпиша за Жељо.

ПретходноГерманците се во полуфинале, Антетокумпо и Грција испратени дома
СледноУсама Хосни се врати во РК Пелистер: “За нас е најважно да се освојат трите титули на домашна сцена!“