Челзи испрати официјална понуда за Лукаку: Пари плус играч за Белгиецот

523

Според италијанските медиуми, Интер има официјална понуда од Челзи за услугите на Ромело Лукаку.

За да го врати Белгиецот на „Стемфорд Бриџ“, наводно европскиот првак нуди 100 милиони плус Маркос Алонсо да замине на „Џузепе Меаца“.

Сепак, мала е веројатноста Лукаку да се врати во Челзи, со оглед дека и самиот тој кажа дека има неколку причини да не го облече повторно дресот на „сините“, но добра понуда би можела да го премисли.

Челзи с еобидува да ангажира напаѓач откако пропадна можноста во Лондон да дојде Ерлинг Халанд.

ПретходноВархолм со нов светски рекорд до златото на 400 метри со пречки
Следно„Дрим-тимот“ покажа сила – ја совлада Шпанија и се пласираше во полуфинале