Аталанта замената за Ромеро ја најде во Јувентус

387

Стоперот на Аталанта, Кристијан Ромеро во следните неколку часа треба да биде промовиран за нов стопер на Тотенхем. Аргентинецот долго време е во преговори со англискиот тим, и само детали го делат од потпис.

Затоа Аталанта не чека, и веднаш бара негова замена. Оние 43 милиони кои ќе ги добие за Ромеро ќе ги потроши на Мерих Демирал од Јувентус. Или барем дел од нив.

Имено, Аталанта се интересира за стоперот на Јувентус, и е подготвена да испрати понуда од 25 милиони евра. Јуве за него инсистира 30, но можно е да дојде до договор.

За Демирал има интерес и од Борусија Дортмунд.

ПретходноЛОИ ракомет 1/4 финале: Драма со среќен крај за Шпанија, Франција лесно со Бахраин
СледноЕдна од најдобрите трки на сите времиња – Вархолм за два месеци два пати урна светски рекорд! (ВИДЕО)