Србите збеснаа поради текстот: Ѓоковиќ не е „GOAT“ зошто го освои олимпиското злато

6769
Фото: АТП/Твитер

Шијам Камал, тениски коментатор на индискиот сајт „Sportskeeda“, ги разбесни Србите со текстот насловен „Не, не морам да прифатам дека Новак Ѓоковиќ е GOAT само затоа што освоил олимпиското злато“. Телеграф за тоа пишува: „Срамен текст на човек кој го обожава Федерер“. Камал никогаш не крие дека Швајцарецот го смета за најголемиот тенисер во историјата.

Ѓоковиќ веќе го држи рекордот по бројот на недели како број 1, по бројот на години што ги завршил таму, по бројот на освоени Гренд слем, Мастерс и последни годишни турнири. Тој е единствениот тенисер во историјата кој беше актуелен победник на сите четири Гренд слем турнири на три различни подлоги. Тој беше единствениот кој победи на тројниот Гренд слем во кариерата и Златниот Мастерс во кариерата во сингл. И сега конечно го освои единственото нешто што му недостигаше, олимпиското злато. Тоа му успеа на 37 години и со тоа стана најстариот победник на олимпискиот турнир меѓу тенисерите.

Но, Камал нашироко елаборира зошто Ѓоковиќ не е GOAT и покрај освоеното олимписко злато:

„Оние кои велеа дека Ѓоковиќ не е GOAT пред Олимпијадата во Париз, никогаш не го кажаа тоа само затоа што го немаше златото. ОИ значи многу, се разбирам, но никогаш не беше единственото нешто што го спречи Ѓоковиќ да биде GOAT.

Ова на Србинот му дава убава сатисфкација, го прави среќен, но што се однесува на тоа дека е најдобар, за жал тој не е. Постојат многу нејаснотии околу терминот најдобар, кој не можат да решат на било кој начин.

Дали Ѓоковиќ е најуспешен тенисер на сите времиња? Да, се разбира, 100 проценти. Ќе потпишам дека е вистина. Дали Ѓоковиќ е тенисер со најмногу победи во историјата? И тоа! Никој не може да му се приближи. Но, „најголем“? Ве молам да се прави разлика. Може да се каже дека Федерер беше клучен во создавањето име за тенисот во Европа, дури и во Азија.

Имаше причина зошто тој беше толку сакан насекаде. Има причина зошто и по пензионирањето остана во врвот на најплатените спортисти. Имаше игра која ги привлекуваше луѓето и ги чуваше во магија. Направи доживотни следбеници на спортот, ги правеше Грен слемовите фестивали секогаш кога ќе стигнеше до финалето“.

Во продолжение на својата анализа тој објаснува зошто Агаса, Граф и Серена Вилијамс исто како имале влијание на тенисот, додека на Ѓоковиќ му замерува за однесувањето за време на коронавирусот. На крајот пишува дека е одличен тенисер, и сака да се однесува поинаку за да може да ужива повеќе во неговата игра.

ПретходноМилан на пенали ја победи Барса, Реал сигурен против Челзи (ВИДЕО)
СледноКадетите против Франција на стартот на ЕХФ ЕУРО (ЛИНК)