И официјално Мората и Родри, репрезентативците на Шпанија се казнети со по еден меч забрана за играње за својата селекција. Ова денеска го објави Дисциплинската комисија на УЕФА. Причината е јасна, тие на прославата на освоената титула на ЕУРО 2024, во Мадрид пееја – Гибралтар е Шпанија, па следуваше прво покренување на истрага и постапка, а еве денеска се и официјално казнети.
Инаку оваа нивна реакција, која секако дека беше скандалозна, предизвика многу бура, посебно во Гибралтар, а ФС на Гибралтар се жалеше до надлежните во УЕФА.