Она што во изминатите два дена медиумите во Полска го најавуваа, денеска е и официнално. А тоа е дека македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е нов член на Јагиелонија и тоа како позајмен играч на Барнли со кого сеуште има важечки договор.
Ова значи дека Чурлинов и натаму ќе биде на позајмица, во минатата сезона тоа беше како играч на Шалке а сега како играч на клубот кој се натпреварува во елитната лига на Полска.
Секако дека за него, но и за нашата репрезентација најважно е тој да игра, без разлика дали во Барнли или Јагелонија.