Тоа е тоа. Толку беше. Никола Карабатиќ, веројатно најдобриот ракометар во историјата кажа збогум на играчката кариера. Секако дека посакуваше тоа да го стори со златен медал од ЛОИ во Париз или барем со бико каков медал, но поради глупоста што ја направи Дика Мем на дуелот со Германија во четвртфиналето денеска, тоа нема да се случи.
Големиот Никола си замина од активното играње ракомет без да освои трофеј во својот Париз.
Зарем треба да се образложува што значеше Никола во изминатите две децении во ракометниот свет. Буквално нема пехар кој го нема освоено, како на клупски план така и со својата Франција. Играше во најголемите клубови во светот и секогаш беше нај, нај.
Дека е легенда и во спортот воопшто, доказ е дека овие ЛОИ во неговата кариера му беа шести, неверојатна ракометна големи и тоа како.