Го пaмтите ли Кеисуке Хонда? Има 38 години и ќе игра за клуб од Бутан

427

Поранешниот јапонски репрезентативец Кеисуке Хонда има 38 години но се уште не планира да стави крај на фудбалската кариера. Сега ќе игра во клубот од Бутан. Клубот се вика Паро и минатата сезона стана шампион на оваа држава, а сезонава е лидер во локалното првенство без ниту еден пораз.

Клубот има потреба од засилувања затоа што ќе игра во азиската Челенџ лига, во кои играат екипи од Бангладеш, Кувајт, Палестина, Оман и други послаби азиски првенства.
За да се пласира во групната фаза Паро треба да го елиминира Чрч Бојс Јунајтед од Непал. А Паро се надева на помош на Хонда не само на овие мечеви, туку и при евентуален пласман во групите.

Хонда играше за екипи од сите континенти, освен Африка – Јапонија, Холандија, Русија, Италија, Мексико, Австралија, Бразил, Португалија, Азербејџан, Литавнија, а има и обид како тренер затоа што краток период беше на кормилото на Камбоџа.

ПретходноРељиќ: Задоволна сум од својот настап на ЛОИ, верувам во поголеми успеси
СледноТепачка на теренот, летаа предмети од трибините и завршија во главите на играчите