Квинси Хoл со неверојатен финиш го грабна златото на 400 метри

116

Американскиот атлетичар Квинси Хoл го освои златниот медал на трката на 400 метри победувајќи го во фото финиш Британецот Метју Хадсон-Смит. Хoл во финишот забрза и успеа да го претекне Британецот за победи со време 43.40 секунди инаку лично најдобро време, а Хадсон-Смит задоцни за четири стотинки (43.44 секунди).
Трет е Музала Самуконга од Замбија со време 43.74 секунди што претставува национален рекорд.

ПретходноФранцузинките им одржаа лекција на Германките и закажаа полуфинале со Белгија
СледноИранец го победи легендарниот Алексањан за златото во борење