Сега и официјално: Бесарт Ибраими се врати во Шкендија. Клубот од Тетово го престави легендарниот напаѓач кој се враќа во старото јато по три години поминати во Струга ТЛ со кој два пати беше шампион на Македонија.
„Бомбардерот“ се враќа во Шкендија каде што планира да ја заврши кариерата. Тој е рекордер во историјата на ПМФЛ затоа што има 202 голови.
Бесарт со Шкендија два пати беше шампион на Македонија (2017/18 и 2018/19) и два пати го освојуваше Купот (2015/16 и 2017/18).















