ТИМ И ИГРАЧ НА 9.КОЛО: Лесно му е на Вардар кога го има Закариќ

55

Кога противникот води со 1:0, а ти го имаш Горан Закариќ во тимот секако дека ништо не е загубено. Па, така, лесно му е на Вардар кога го има офанзивниот играч за врска, кој е способен сам да направи пресврт и со два гола, вториот во 90+3.минута, да ти донесе победа од 1:2 на тешкото гостување на Автокоманда. Токму затоа според “СпортСпорт“ Горан Закариќ е играч на ова 9.коло во тековната сезона во ПМФЛ.

Покрај него во идеалниот тим на „СпортСпорт“ за ова коло се и Столевски и Симоновски (Шкендија Арачиново), Илјази и Гаје (Арсими), Фал, Лавал и Лусианињо (Тиквеш), Мајимона, Рибеиро и Ор (Башкими).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ГОРАН ЗАКАРИЌ

Тим: Вардар

Роден: 17.11, 1992 во БиХ

Кариера: Козара, Широки, Динамо Загреб, Локомотива Загреб, Зрињски, Славен Белупо, Железничар, Партизан, Универзитатеа Крајова, Оход, Борац Бања Лука, Задар, Еоликос, Вардар

ПретходноСтрахиња Павловиќ во Милан до 2031 година (ВИДЕО)
СледноСемејна трагедија во Мадрид: Почина мајката на Коке, мечот со Манчестер Ј. почнува со минута молк