КИРЕ И ЕДИНА СОВЕТУВААТ – КАКО ВО ЛЕТНИТЕ ГОРЕШТИНИ?

326

Среќата е убава да ја имате, за некоја од добивките на Видеолотарија Касинос Австрија, но таа нема да ви помогне да поминете полесно во екстремните летни температури, кои ни претстојат и оваа недела и во остатокот на летото. Потребно е да сме информирани што да јадеме, да пиеме и како општо да се справуваме со горештините за да го сочуваме нашето тело. А кој знае подобро како да негува совршено и здраво тело, од нашите врвни спортисти.

Видеолотарија Касинос Австрија ви пренесува искуства и совети од нашите заштитни лица Кире Лазаров и Едина Муса. Како тие се справуваат со летните денови и што прават во овие високи температури?

Деновите ми почнуваат со овошје. Не јадам речиси ништо друго освен овошје некаде до 13 часот. Понатаму избегнувам месо и месни производи, а повеќе сакам риба во овој летен период“, вели Лазаров, кој најдобро знае за издржливост и истрајност, држејќи ја својата кариера на највисоко можно ниво и по 40-тата ниво.

„Во текот на целиот ден пијам многу вода, флаширана, негазирана. Обично сакам кафе и пијам доста, но во овие горештини го редуцирам, зашто знае да дехидрира. Навечер исто така лесна вечера и гледам да не е доцна, за да може полесно да се спие на горештините“, порача капитенот и селекторот на македонската репрезентација.

Едина Муса, покрај својата кошаркарска кариера, успешно работи и како личен тренер, па секојдневно советува луѓе како да се грижат за своето тело.
Главен совет за овие температури е едноставно – многу вода. Пијам многу вода во текот на денот уште од будење и препорачувам на овие високи температура секој да пие минимум два литра дневно. За јадење јас и онака не јадам месо, а оние што консумираат, би било добро да го сведат на минимум во овие денови. Не заборавајте да вежбате. Јас тоа го правам рано наутро, кога температурите уште се подносливи. Ако немате можност, никако не излегувајте на сонце, постојат лесни начини да се одржува телото и дома, под клима“, советува Едина.

А нашиот совет против летните горештини е седете дома и секогаш кога ви треба да си поминете убаво, проверете ја понудата на Видеолотарија Касинос Австрија.
Летото е за забава, но уживајте одговорно!

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

ПретходноАрнаутовиќ официјално две години во Болоња
СледноТомпсон е олимписка шампионка на 200 метри