Јованчев: Ова е само почеток, мора да останеме фокусирани – не чека тежок противник

162

Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа против Украина го го отвори ЕП од Дивизијата „Б“ кое стартуваше вччера во Скопје.

Убедлив триумф, и игра која го радува предводникот на оваа селекција, Александар Јованчев, кој потенцира еден и тоа како битен сегмент во играта на неговите избраници.

„Одличен старт на првенството. Договорот беше уште од почетокот на пристапиме со агресивна игра и постојано да вршиме притисок на нивните бекови. Агресивноста во одбрaната ни донесе 20 освоени топки, како и 29 загубени топки на противникот. Одбраната секогаш го подига тимскиот дух , кој пак во нападот донесе 24 асистенции. Наметнавме наш ритам кој противникот тешко го пратеше“, изјави предводникот на нашиот национален тим.

Но практично овој прв успех веднаш е заборавен, по еден слободен ден нашата репрезентација ја чека нов предизвик, а тоа е мечот против Шведска.

„Ова е само почеток и треба да останеме фокусирани. Ни следува тежок натпревар со Шведска. Судејќи според физичкиот изглед и информациите за играчите кои што ги имаме, дефинитивно Шведска е фаворит на следниот натпревар. Ќе дадеме се од себе да ги одбраниме боите на националниот дрес.

Натпреварот меѓу Македонија и Шведска е закажан за утре со почеток во 18:30 часот во СРЦ „Кале“.

ПретходноРомано откри детали за полноќната драма во која Јуве остана без засилување
СледноШпанското крило од Баерн се врати во Шпанија