Брера ја одреди цената и местото на продажба на билетите за пресметката со Вардар

1883

Овој викенд стартува новата сезона во ПМФЛ. Во центарот на вниманието меѓу останатите мечеви е пресметката меѓу Брера Струмица и Вардар. Натпреварот се игра во недела со почеток во 20 часот на стадионот “Благој Истатов” во Струмица.

Домаќинот на својата официјална „Фејсбук“ страница информира дека билетите ќе се продаваат по цена од 200 денари, а истите ќе можат да се набават на две места. Првото е ресторанот „Космополит”, кој се наоѓа на самиот стадион, а карти ќе има и пред мечот, а истите ќе моѓат да се купат пред јужната и источната трибина.

ПретходноДарио Ивановски со порака од Париз: Цел живот се подготвував за Олимпијадата!
СледноРомано откри детали за полноќната драма во која Јуве остана без засилување