Ако е за утеха: Мак-фудбалот ова лето не е најслаб во Европа, имало и бетер од нас, а најлоша е Србија!

643

Нашите клубови во Европа не го дочекаа ни август во ЛШ и ЛК. Струга ТЛ, Тиквеш и Шкендија одиграа вкупно 8 меча и забележаа само две победи, дури шест пати беа поразени. Не минаа ниту едно коло и според резултатите досега се наоаѓаат на 51.место. Се разбира дека тоа е дебакл, но ако е за утеха, а не смее да биде, мак – фудбалот на клупски план не е најлош во Европа, имало и бетер од нас како Сан Марино и Лихтенштајн а најлош скор имаат клубовите од Србија и затоа оваа земја е на последното место во Европа.

Сепак треба да се каже дека допрва Ц. Звезда ќе настапи па секако дека и скорот, односно рејтингот ќе биде поправен.

Ова е табелата на најлошите земји, со коефициентите, досега во фудбалска Европа, поради резултатите на нивните клубови:

ТАБЕЛА

48.Андора 0.833 (2-1-8)

49.Гибралтар 0.833 (2-1-8)

50.С.Ирска 0.750 (3-0-6)

51.Македонија 0.666 (2-0-6)

52.Сан Марино 0.666 (1-2-7)

53.Лихтенштајн 0.500 (0-1-1)

54.Србија 0.200 (1-0-7)

ПретходноСловенците бесни на судиите по драмата со Данска
СледноФондацијата „Марко Божиновски“ донираше апарати за контрола на срцевиот ритам на РК Бутел