Американецот Раи Бенџамин е олимписки шампион на 400 метри. Во супер интересна трка Бенџамин едноставно беше подобар од Норвежанецот Карстен Вархолм и со време 46,46 секунди го освои златниот медал. Вархолм пак делницата ја истрча со време 47,06 секунди.
Интересно е тоа што и двајцата си ги разменија местата од ОИ во Токио, каде Вархолм беше прв а Бенџамин втор.
Бронзата вечерва ја освои Алисон дос Сантос од Бразил со време 47,26 секунди.