Аргентинскиот репрезентативец ќе биде замената за Киеза во Јувентус

4

Јувентус се насочи кон аргентинскиот крилен напаѓач на Фиорентина, Николас Гонзалез, пренесуваат италијанските медиуми. Како што е познато, на тимот од Торино им е потребен нов играч на оваа позиција, откако Федерико Киеза не е во плановите на новиот тренер Тиаго Мота и се очекува да биде продаден.

Според информациите, Јувентус нуди да го земе 26-годишниот Аргентинец првично на позајмица, а потоа задолжително да го купи за сума од 30 милиони евра. Можно е во зделката да бидат вклучени уште еден од играчите со кои торинскиот клуб сака да се раздели, како Филип Костиќ или Вестон Мекени.

ПретходноТалески: Стадион трансформиран во сала – ова е историја за целиот спорт!
СледноОфицијално: Шкупи се пофали со Дарко Додев! (ФОТО)