Ќатип Османи (Струга ТЛ): Ние сме претенденти за титулата, одиме на победа против Тиквеш!

107

Според многу најави и коментари, па и анализи, се чини дека шампионот, тимот на Струга ТЛ е прв пик за титулата во новата сезона во ПМФЛ која стартува утре. Стружани ќе имаат тешка задача, го пречекуваат Тиквеш.

За тоа што може да се очекува од оваа средба од аспект на Струга ТЛ свое видување има стратегот на шампионот Ќатип Османи:

Јасно е дека ние сме претенденти за титулата и со таков епитет влегуваме во новата сезона. Познато е дека секогаш многу тешко да се игра на првите мечеви, а ние имаме против себе квалитетен ривал во Тиквеш. Затоа сметам дека ова за нас, но и за кавадарчани ќе биде многу тежок меч. Од друга страна Струга ТЛ има квалитет и затоа велам дека утре ќе одиме на победа, со три бода да стартуваме во новата сезона“ посочи Османи.

ПретходноКошаркарите до 16 години против Шведска за нова победа!
СледноФранција ја декласира Полска и го освои златото!